Содата бикарбона може сосема да ги замени пестицидите: Еве како да ја користите во градината за да го спасите овошјето и зеленчукот од пропаѓање!

Одличен совет

Совети што вредат злато за градинарите

Време е за градинарство. Можеби ви се познати благодатите на содата бикарбона во градината, но овие совети можат да ви послужат и во текот на летните месеци.

Сода бикарбона за винова лоза и грозје

Ако имате винова лоза, не заборавајте да ја прскате со раствор од сода бикарбона. Измешајте 75 г сода бикарбона со 10 л вода. Испрскајте го грозјето во текот на зреењето и спречете го сувиот трулеж, но така можете да го зголемите и шеќерот во бобинките. Истиот раствор може да се користи и за прскање стебла на разно овошје и со тоа да се спречи појавата на гасеници на листовите.

Содата е број 1 во борбата против пепелница:

КРАСТАВИЦИ: За превентивно прскање на краставиците се користи 1 кафено лажиче сода во 1 л вода. Ќе ги спречите листовите да пожолтат.

ЗЕЛКА: Со истиот раствор можете да ја посипете зелката против гасеници и бубачки. Исто така, можете да направите раствор од 9 лажици јаболков оцет и 1 л вода. Со овој раствор испрскајте ја зелката и нема да се појават бубачки.

РИБИЗЛИ: Рибизлите испрскајте ги со 1 супена лажица сода бикарбона, 1 аспирин, 1 лажица детергент за миење садови, 1 лажица растително масло и 4,5 литри вода.

За да привлечете пчели на грмушка рибизли, испрскајте ја со медена вода: во литар вода растворете 1 лажица мед. Ова ќе ги привлече опрашувачите и вашите рибизли ќе имаат богат плод.

ЈАГОДИ: Во 10 л вода (задолжителна е пластична канта) капнете 15 капки јод и мешајте со дрвена лажица за да се раствори добро јодот во водата. По обилното полевање на јагодите, или после дожд, покрај секоја јагода посипете малку од овој раствор. Потоа можете да размислувате за тоа да ги пресадите јагодите на друго место. Внимавајте да не ја надминете дозата на јод, во спротивно можете да го изгорите коренот на јагодите.

Состојка што сите ја имаме дома: Овие третмани ќе ви ги преродат кожата, лицето и ноктите од корен!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.