Се чини дека постои начин како да ги јадете омилените тестенини со сирење и да изгубите килограми

Одлични вести

Кога станува збор за диети, само на неколкумина ќе им биде дозволено да консумираат тестенини. Но, Греам Томилсон, познат како фитнес готвач, вели дека таквиот став е целосно погрешен.

Како што тврди тој, можете да јадете тестенини со сирење и песто и да изгубите тежина – сето тоа се сведува на големината на порцијата.

Јадењето она што го сакате и вистинско уживање во тие намирници, всушност би можело да биде тајната за успешно слабеење. Водени од ова, ова „фитнес гуру” верува дека наместо да се фокусирате на видот на храната, вие се фокусирате на големините на порцијата и дека сè уште ќе можете да ги исполните вашите цели во исхраната.

За да ја објасни својата теорија, тој на Инстаграм објави едноставен приказ на две чинии со тестенини со сирење и песто. Додека едната порција има 1132 калории, другата има само 470 калории.

Тајната е во големината на порцијата. Тој ја намали количината на тестенини, ја преполови количината на песто и користел посно сирење со намалена содржина на маснотии. Што се однесува до зеленчукот, нема потреба да се намалуваат количините бидејќи црвениот кромид, пиперките, лукот и спанаќот имаат малку калории.

„Сè уште можете да јадете она што го сакате“, им рече тој на своите следбеници.

https://www.instagram.com/p/CCT80gxAkb0/?utm_source=ig_embed

Прочитајте и: За оние кои се на кето-исхрана: Бидете внимателни со црешите

 

ФОТО: Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.