Полнети пиперки по советите на унгарски готвачи: Со овие состојки не постои повкусно летно јадење!

Кулинарски трикови

Унгарските готвачи советуваат да сочувате малку сланина за филот и да ја измешате со смесата од месо и ориз

Полнетите пиперки се кралици на летото, а за да бидат уште повкусни, можете малку да го искомплицирате рецептот. Трудот ќе ви биде награден со полн вкус кој совршено се надополнува со кремасто пире. Сосот кој традиционално се прави од домати и малку брашно, збогатете го со мирисите и вкусовите на сланина или месо.

Наместо вода, која се додава заедно со пасиран домат, ќе ви послужи и готов бујон или вишокот од бистра супа со месо и зеленчук. Совршен додаток е и сланината која можете да ја исечете на коцки, да ја пропржите и да ја додадете во преостанатите состојки за сосот.

Ако јадете луто, покрај сланина можете да додадете и лути пиперчиња. Унгарските готвачи советуваат да сочувате малку сланина за филот и да ја измешате со смесата од месо и ориз. Одличен додаток е и маслото ароматизирано со лути пиперчиња и лук, кои исто така ќе ја збогатат целата комбинација.

Полн вкус ќе им даде и мачканицата од печен лук. Земете цела главица, отсечете го врвот, па капнете маслиново масло. Завиткајте ја во фолија или хартија за печење, па печете ја околу половина час. Лукот ќе се претвори во паста која можете да ја истиснете и да ја помешате со сос од домати, па така заедно да ја сипете во садот со пиперките.

Најдобар сос од домати е домашниот, а за да биде уште поинтензивен, додајте му неколку сушени домати, кои дополнително ќе му го нагласат вкусот.

Три фила за полнети пиперки: Рецепти што мора да ги пробате!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.