Оваа жена сипува сончогледово масло во сите одводи: 25 години се колне во овој трик!

Водоинсталатер им открил трик

Причината е неверојатна, а резултатот уште подобар

Веќе 25 години една жена во секој одвод сипува сончогледово масло кога знае дека неколку дена ќе биде отсутна од дома. Еве зошто:

„Пред 25 години, јас и сопругот првпат отидовме на подолг одмор кај неговите родители. Иако не планиравме да останеме долго, на крај останавме кај нив речиси два месеца.

Кога конечно се вративме дома и влеговме во станот, за малку ќе се онесвестевме од смрдеата. Ширум ги отворивме сите прозорци, но остриот мирис на канализација не исчезнуваше, не се ни ублажуваше.

Прво мислевме дека сме заборавиле некоја храна што скапала во фрижидер или во рерна, но не, се’ сме оставиле како што треба. На крај, сопругот откри дека смрдеата доаѓа од мијалниците, лавабоата и кадата. Никогаш претходно не сме имале ваков проблем.

Викнавме водоинсталатер и тој ни ја разреши мистеријата – кога користите вода секој ден, водата се однесува како еден вид чеп и тој чеп постојано се обновува и ги отстранува миризбите од цевките на канализацијата.

Бидејќи долго време бевме отсутни, никој никаде немаше пуштано вода, па тој ‘чеп’ се исушил и немало ништо што би ја сопрело смрдеата слободно да се шири низ нашиот дом.

Водоинсталатерот ни кажа во иднина, кога ќе знаеме дека ќе бидеме отсутни барем неколку дена, да сипеме во сите одводи малку сончогледово масло. Тоа создава обвивка и водата не може потполно да се исуши.

Бевме скептични, но решивме да го пробаме ова во прва прилика. И навистина толку се исплатеше, што го повторувавме ова и понатаму, цели 25 години!“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.