Снежна месечина ќе блесне на небото во недела: Еве на што предупредуваат астролозите и врз кои 4 знаци најмногу ќе влијае

Пристигнува најсјајната и најполната месечина

Овие необични појави, покрај тоа што се прекрасни, интересни се и од астролошки аспект

Февруарската полна месечина традиционално е позната и како снежна или гладна месечина, бидејќи кога се појавува најчесто паѓа најмногу снег, а доаѓа пред крајот на зимата, кога храната е оскудна.

Супермесечината ќе се појави на небото овој викенд со најголема видливост на 9 февруари во раните утрински часови.

„Месечината ќе биде полна околу три дена, од петок навечер до понеделник наутро, односно цел викенд ќе има полна месечина“, открил Гордон Џонсон од НАСА.

Месечината ја добила придавката снежна по месецот февруари, за кој се смета дека е месец со најмногу снег во годината.

Сјајната и поголема месечина од вообичаено, се славела уште кај индијанските племиња. Интересно е дека древните народи го користеле лунарниот циклус за обележување на сезонските промени наместо сончевиот.

Што ни носи снежната месечина од астролошки аспект?

Астролошкото значење настанало во 1979 година, благодарение на астрологот Ричар Ноле.

Астролозите веруваат дека овој природен феномен е одлична прилика да го оставиме зад себе непотребниот товар, бидејќи влијанието на снежната месечина ќе ни помогне да донесеме правилни одлуки.

Во оваа смисла, полната месечина ја симболизира душата. Се смета дека ја пренесува енергијата до Земјата, што на својот пат ја впила од сонцето. Месечината ни дава чувство на присутност на енергијата, со оглед на тоа што сонцето и месечината заедно управуваат со мените на Земјата, ни дава и чувство на сигурност.

Во согласност со тоа, од астролошки аспект, месечината поттикнува на чистење и ослободување од непотребниот товар во животот. Со оглед на тоа што е присутна силна енергетска предиспозиција, потребно е да се преземе контрола над овој процес за да можеме со сигурност да ги отфрлиме непожелните работи.

Станува збор за период на претерување со чувството на вина и самокритичноста.

Астролозите сметаат дека би требало да се обрне внимание и на можните неверства. Но, снежната месечина може да ни го осветли патот и да ни го олесни донесувањето одлуки, при што ќе не’ ослободи од некои илузии, без разлика дали станува збор за љубовни или работни.

Влијанието на овој период најмногу ќе го почувствуваат луѓето родени во знакот Девица, Риби, Стрелец и Близнаци, како и оние чиј подзнакот е или во месечина или во некој од овие знаци.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.