Орхидејата може да цвета во текот на цела година: Само мора да го направите ова!

Убавината на цвеќињата

Познато е дека орхидејата цвета од 2 до 6 месеца, но ако ги направите овие 9 работи, ќе цвета во текот на цела година

За да имате орхидеја што постојано цвета, мора да ги испочитувате овие чекори:

1. Откријте ја староста на орхидејата пред да ја купите

Орхидеите цутат во период од 1,5 до 3 години. Возрасно растение, што е подготвено за цутење, треба да има од 5 до 8 израстоци. Ако растението е младо а цутело, тоа не е добро. Премладото растение нема доволно сила за да заздрави од цутењето, па може да се исуши или да скапе.

2. Не ја поместувајте од место

Поместувањето на орхидејата од едно на друго место е многу стресно за неа. Овој цвет не сака дури ни мали движења. Орхидејата реагира на положбата во однос на светлината. Ако сте ја поместувале за да ја навадите, мора веднаш да ја вратите на истото место. Поместувањето не влијае добро врз цутењето.

3. Обрнете внимание на корените

И на корените на орхидејата им треба светлина. Наместо керамички саксии, многу е важно да користите пластични пропусни саксии, кои на коренот ќе му овозможат да учествува во процесот на фотосинтеза.

4. Внимавајте на светлината

Сончевата светлина е многу важен фактор кој влијае врз цутењето на орхидејата. На орхидеите им треба дневна светлина од 10 до 12 часа дневно, инаку нема да цутат. Ако во есен или зима цвеќето нема природна светлина, мора да го осветлувате со ламба.

5. Соодветна температура

За да цути орхидејата, ноќната температура треба да биде пониска од 4 до 6 степени во однос на дневната. Во текот на летото се советува да се чува на отворено, додека во текот на зимата, просторијата во која што се наоѓа орхидејата, мора да се проветрува. Но внимавајте – орхидеите не поднесуваат промаја!

6. Правилно навадувајте ја орхидејата

Пред и за време на цутењето, орхидејата треба интензивно да се полева. Во периодот на мирување, полевајте ја орхидејата на секои 12 дена. Ако листовите и’ се бледи, оставете ја да мирува малку. Кога ќе ја наводнувате, потопете ја во вода и оставете ја час-два. Потоа добро исцедете го вишокот вода и вратете ја орхидејата на место.

7. Влажност на воздухот

Друг важен услов за цутење на орхидеите е влажноста на воздухот. За да ја зголемите влажноста, ставете чинија вода покрај орхидејата. Во текот на зимата, кога греењето е вклучено, прскајте го растението со вода. На орхидејата и треба влажност на воздухот до 60%.

8. Одберете правилно ѓубриво

Орхидејата сака калциум и фосфор, бидејќи тоа поттикнува цутење. Никако не ја полевајте орхидејата со ѓубриво на база на азот, тоа само ќе ја уништи.

9. Орхидејата мора да се исплаши

За да расцути вашата орхидеја, и’ треба малку стрес! Да, добро прочитавте. Тоа мора да го направите ако орхидејата ги има сите услови, а никако да процути. Тоа се случува бидејќи на орхидејата и’ е премногу добро. Затоа мора малку да и’ се заканите и да ја шокирате: намалете го наводнувањето или преместете го растението на поладно место.

Напомена: Кога орхидејата ќе престане да цути, мора да ја негувате исто како во фазата на цутење. Се пресадува по 2 до 3 години и кога корените ќе почнат да излегуваат од саксијата. Исто така, орхидејата не сака удобна саксија, па внимавајте на тоа кога ќе ја пресадувате, да земете помала саксија која ќе ги држи корените близу еден до друг.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.