Мали трикови за подобра концентрација

Совети од стручни лица

Ви претставуваме две лесни вежби што ќе ви помогнат подобро да се концентрирате на работното место или додека учите.

Додека седите, испружете ја десната нога, а левата рака потпрете ја на врвот на столчето. Повторете со другата страна.

Рацете ставете ги зад вратот, десниот лакт повлечете го кон коленото на левата нога. Сменете ја позицијата на рацете и на нозете. Направете по 5 повторувања со секоја страна.

Оваа вежба воспоставува рамнотежа меѓу двете половини на мозокот. Ако сте бавни, поставете си задача дупло да се забрзате.

Вежба-плус За подобра меморија, наизменично гледајте лево-десно 30 секунди. На тој начин се воспоставува подобра комуникација меѓу двете мозочни хемисфери.

Cup of tea,cookies and lemon

Совет-плус: пијте чаеви!

Зелениот чај го намалува ризикот од канцер, развој на артериосклероза, срцеви заболувања, создавање кариес, го регулира крвниот притисок, ја подобрува општата состојба на организмот, го намалува нивото на холестерол во крвта, дејствува антивирусно и антибактериски. Пробајте ја мешавина од зелен чај и чај од јасмин!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.