Носат несреќа, беда и сиромаштија: Според старите верувања, никако не смеете да ги правите овие работи!

Народни суеверија

Ако ги правите овие работи, лошо ви се пишува

Народот верува во многу непишани правила, склони сме на суеверија и многу ситуации ги толкуваме како претскажувања.

Според народните верувања, овие работи привлекуваат несреќа и беда. Ова никако не треба да го правите. За повеќето од нив веројатно веќе сте чуле, а многумина и се придржуваат до овие правила…

1. Кога ќе тргнеш на пат, но мораш да се вратиш по нешто што си го заборавил, не очекувај ништо корисно од тоа патување.

2. Никогаш не би требало да ви се вкрстат рацете при запознавење со некого. Доколку четворица луѓе се поздравуваат и по некоја случајност им се вкрстат рацете, се верува дека ова претскажува караница или прекин на пријателството.

3. Дали сте знаеле дека не е добро странец да си замина од вашиот дом, без да седне? Според народното верување, така го изнесува мирот од куќата.

4. Не треба да се пере облека во вторник и на Велики петок, бидејќи тоа носи лошо здравје.

5. Не треба да се потпирате на влезната врата и да седите на домашниот праг, бидејќи тоа носи сиромаштија.

6. Не треба да оставате отворени ножици дома, бидејќи непријателите ќе се насладуваат на вашата несреќа и ќе ве озборуваат.

7. Не треба да го бојосувате домот во петок. Тоа исто така привлекува беда.

8. Чувајте го огледалото што подалеку од креветот. Не би требало да го загледувате своето лице додека сте во кревет, бидејќи тоа носи несреќа.

Привлекуваат беда и несреќа како магнет: Никогаш не чувајте ги овие работи под креветот!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.