Ова е моментално најпопуларната диета на светот: За 3 дена симнува и до 3 килограми!

Ефикасно

Проверете зошто диетата со грејпфрут е апсолутен хит

Како што сугерира и самото име, клучната состојка на овој диетален режим на исхрана е грејпфрутот.

Зошто овој производ е добар за слабеење?

Освен што содржи многу малку калории (само 32 калории во 100 г ), изобилува со витамин Ц, прости јаглехидрати и многу влакна, кои се важни за забрзување на метаболизмот, а не содржи масти и холестерол.

Овој режим на исхрана е одличен по празници и слави кога си дозволуваме да се почестиме со неколку парчиња торта повеќе. Овој начин на исхрана ќе го исфрли вишокот вода во организмот и ќе му направи детоксикација.

Правила на диетата:

Оваа диета се базира на намалено внесување јаглехидрати. Десертите се забранети, додека внесувањето масти е дозволено, како и неограничена количина на протеини.

Како ова мени влијае врз процесот на слабеење?

Ако ја намалиме количината на јаглехидрати, што нашето тело обично ги претвора во енергија, тогаш тоа бара алтернативно гориво. Така доаѓа до согорување на протеините и мастите, а со самото тоа и до симнување килограми.

Појадокот е ист секој ден: грејпфрут или 250 мл цеден сок од грејпфрут, кафе или чај, 2 јајца (пржени, варени) или 2 резанки сланина.

Ужина, најмалку 2 часа пред спиење: 250 мл доматен сок или 250 мл варено млеко.

Прв ден

Ручек: грејпфрут или 250 мл цеден сок, бело тврдо сирење, спанаќ, 1 препечен интегрален тост

Вечера: грејпфрут или 250 мл цеден сок, плескавица, варен зеленчук

Втор ден

Ручек: грејпфрут или 250 мл цеден сок, салата со туна

Вечера: грејпфрут или 250 мл цеден сок, 2 немасни свински стекови, зелена салата

Трет ден

Ручек: грејпфрут или 250 мл цеден сок, варено говедско, пилешко или риба, салата од домати

Вечера: грејпфрут или 250 мл цеден сок, пржена риба, мешана салата од домати и зелена салата

Барби-диетата моментално е најголемиот хит во светот: Со овој начин на исхрана се губат и до 4 кг за една недела!
Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе