Ништо не може да ги закрепне розите така како оваа состојка што сите ја имаме дома: Испробајте и очекувајте магија!

Испробајте

Розите што целосно пропаднале поради паразити може да закрепнат благодарение на еден производ што сите го имаме во фрижидерот

Доколку имате рози и многу чести проблеми со ситните бубачки што можат да направат штета на ливчињата на цветовите, веднаш побарајте решение за да не ви се оштетат розите. Наместо јаки пестициди што може да се купат во земјоделска аптека, може да се послужите со обично млеко, што сигурно го имате во фрижидер.

Доволно е да го растворите во вода во сооднос 1:3 (на пример, децилитар млеко на 3 децилитри вода) и да наполните шишенце со распрскувач.

Прскајте го овој раствор директно на розите, а ќе биде ефикасен против разни бубачки и инсекти. Најдобро би било да ги „уловите“ во почетната фаза од развојниот циклус, пред да направат бројни колонии на вашите рози. Дозволено е да го применувате и за зеленчукот во градината.

Ако сте задоцниле, не грижете се, ќе треба само да го повторите овој третман повеќепати. Многу градинари испробале и чисто млеко, особено оние што можат да набават органски и тврдат дека еднакво добро функционира.

Билките растат како луди од овој домашен раствор: За приготвување ви требаат само 2 состојки!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.