Билките растат како луди од овој домашен раствор: За приготвување ви требаат само 2 состојки!

Совршено!

И искусните градинари го користат ова ѓубриво

Добро познато ни е дека копривата е одлична за здравјето, а дури и лекарите го препорачуваат чајот од оваа билка. Позната е по благотворните својства за организмот, но дали сте знаеле дека е одлична и за прихрана на другите билки?

Од коприва можете да направите домашно ѓубриво кое ќе го поттикне растењето на билките, но и да ги заштити од штетници, бидејќи важи за природен инсектицид. Ова еколошки приготвено ѓубриво ќе ги зајакне билките кои ќе станат поздрави и помалку подложни на напад од патогени и штетни инсекти.

Повеќето билки во градината добро реагираат на ѓубрењето со коприва, а особено доматите. Меѓутоа, постојат некои билки што не се нејзини љубители, а тоа се кромидот, лукот, гравот и грашокот.

Еве како се прави:

За подготовка на ова ѓубриво се користат само надземните делови од билката.

Треба да потопите 1 кг коприва без корен во 10 л вода. Потоа, оставете ја да отстои така 10 до 15 дена во ладовина, а идеално би било кога температурата би била околу 18 степени.

Секој ден промешувајте го, а растворот секој ден ќе менува боја и ќе станува погуст. По 15 дена, исцедете го растворот и тој ќе спремен за употреба.

Пред употреба, разредете го растворот со вода така што сооднос да биде 1:10, доколку го користите како прихрана преку кореновиот систем. Доколку се одлучите за фолијарна употреба, во тој случај разблажете го растворот во однос 1:30.

Талогот од кафе прави чуда за цвеќињата: Ако се употреби на овој начин, го поттикнува растот на билките и ги штити од штетници!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.