На Голема Богородица задолжително направете ги овие работи: Жените особено треба да обрнат внимание

Голем празник

Голема Богородица се смета и за женски празник што има низа обичаи. Одвојте време за молитва, бидејќи времето за молитва ќе значи време за вашата душа

Голема Богородица е еден од најголемите христијански празници. Овој празник е спомен на смртта на Богородица и македонската православна црква и верниците го слават на 28 август кога завршува и постот што трае 14 дена.

Голема Богородица е денот кога таа се вознела на небото и го предала својот дух во рацете на Спасителот. Според преданието, Богородица живеела 60 години, според некои извори и 72, го надживеала својот син и како сведок на многу славни настани, ја продолжила неговата мисија.

На празникот му претходи двонеделен пост, па на 28 август, особено жените, одат на причест, бидејќи овој ден се смета за празник на жените и мајките.

Како светителка, мајка и жена, само таа ја разбира душата на буквално секоја жена. Во народот се верува дека Голема Богородица ја разбира женската мисла, болка и страдање. Поради тоа што разбира, се смета дека оваа светителка простува.

Ширум Македонија, уште од нашите предци, на овој ден се организираат прослави, а некои семејства овој ден го прославуваат како крсна слава. За празникот се поврзуваат разни обичаи, а еден од водечките е тоа што денес ништо не треба да се работи со раце, ниту да се започнува некаква работа, а не се прават ни тешки физички работи. Според стариот обичај, до денес треба да се заврши сета летна работа на поле, а дури од Мала Богородица треба да се започне со новите, есенски активности.

Светица што ја разбира женската душа и го простува секој грев: На Голема Богородица задолжително направете го ова!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.