Можеме да го сториме тоа: Пет идеи кои го олеснуваат пиењето осум чаши вода на ден

Човечкото тело има огромна потреба од вода, а дехидрираноста е една од најчестите појави кај возрасните.

Кога телото е жедно, тоа работи бавно, а кожата станува сува и безживотна. Доколку сакате да навикнете да пиете 8 чаши вода на ден, испробајте ги овие трикови кои навистина помагаат.

Дајте ѝ вкус 

За многумина, водата е најдосадната течност и повеќе сакаат да посегнуваат по слатки сокови. За да избегнете непотребен внес на шеќер и да сакате вода, дајте ѝ малку вкус.

Ставете неколку свежи лисја нане, парчиња лимон и парчиња портокал во шише со широк отвор и чувајте го во фрижидер. Витаминската вода е вкусна и здрава.

Искористете ја моќта на вашиот паметен телефон

Верувале или не, можете да инсталирате голем број бесплатни апликации направени токму за оваа ситуација на вашиот мобилен телефон. Тоа е потсетник што ќе ве предупреди дека е време да пиете вода. Иако звучи невообичаено, ваквите апликации се многу корисни.

Набавете убаво шише

Во текот на денот, ние постојано брзаме и затоа забораваме на потребата од течности, што потоа влијае негативно на нашето тело. Набавете убаво шише со вода што секогаш ќе го имате со вас. Ставете го во торба и носете го насекаде со вас. Кога сте на работа, ставете го на вашата работна маса, така што секогаш да ви е при рака.

Нека водата стане ваше предјадење

Овој трик навистина делува. Освен што ќе добиете навика да пиете вода, тоа ќе ви помогне и да изгубите тежина затоа што ќе го намалите чувството на глад и со тоа ќе јадете помалку. Пред секој оброк, а тоа важи и за закуски помеѓу оброците, пијте барем половина чаша до чаша вода. Направете го овој трик во навика.

Водете сметка колку сте испиле

Ако пиењето вода навистина ви претставува мака, направете план. Пресметајте колку вода собира во вашето шише и направете пресметка колку шишиња вода треба да пиете во текот на денот. На пример, ако вашето шише држи половина литар вода, вашата цел треба да биде да пиете три шишиња во текот на денот.

Прочитајте и: Вода која ги симнува килограмите, го освежува телото и го забрзува метаболизмот (РЕЦЕПТ)

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.