Наполни 55 години и изгледа неверојатно: „Овој појадок е заслужен за мојот изглед!“
Синди Крафорд
Ја открила тајната за својот одличен изглед
Во февруари, популарната манекенка Синди Крафорд наполни 55 години, но секојдневно добива комплименти дека изгледа подобро од многу помлади девојки.
Славната манекенка тврди дека нејзината тајна е во појадокот што го консумира веднаш откако ќе се разбуди. Имено, Синди секое утро јаде пржено јајце, чаден лосос, авокадо и маслинки.
View this post on Instagram
Таа повеќепати има изјавено дека не консумира нездрава и преработена храна.
Во случај утрото да има обврски и да нема време за приготвување појадок, таа ужива во кашест сок што го прави од бадемово млеко, банана и спанаќ.
View this post on Instagram
Состојки:
- 1 шолјичка бадемово млеко
- 1/3 замрзната банана
- 1 грст свеж спанаќ
- 10 листови свежо нане
- 8 г протеин во прав
- грст какао во зрно
Сите состојки ги блендира и ужива во појадокот за чие приготвување не ѝ треба многу време.