Метод што 100% носи среќа и благосостојба во животот: Пробајте го!

Таен метод

Познатиот психолог Ана Кирјанова зборува за методот „без проблеми“ кој може да ви помогне да си го средите животот

„Ова е пример од лично искуство, тестиран во пракса. Методот е едноставен, но постојат два неопходни услова: темелност и упорност.

Мој стар пријател беше во многу лоша положба. Добар, чувствителен, внимателен човек несвесно западно во неволја, во животна бура што му донесе несреќа и му го одзема мирот. Му го одзеде здравјето, а болестите почнаа да се појавуваат една по друга.

Неговиот мал бизнис пропадна, купувачите престанаа да доаѓаат. Тој запаѓаше во се’ поголем долг. Мораше да подигне кредит, а згора на се’ му се расипа и автомобилот без кој не можеше да ја врши работата. Така почнаа да се насобираат и долговите за станот, па му се случи и поплава во тоалетот, мораше да го сруши и да крши ѕидови, плочки… Му настана хаос во куќата, во главата, во душата…

Потоа, користевме еден метод цел месец. На почетокот не се промени ништо. Методот е следниот: не оставај ронки на маса. Исчисти ги веднаш. Измиј ги садовите темелно, не оставај ниту една нечиста шолја за кафе.

Ако го местите креветот, нека биде како во војска: без набори!

Исчистете ги чевлите да блескаат. Испеглајте си ја белата кошула како мајка ви да ја пеглала. Облечете се убаво. Не доцнете ни минута!

Ако немате работа, и понатаму станувајте секое утро во седум, облечете се, измијте се, испијте кафе и излезете надвор. Разговарајте со луѓе.

Не можете да ги исплатите долговите – не правете нови!

Бидете мирни и пристојни, контролирајте го секој збор. Будете се во исто време и за работни денови и за викенд. На пример, во 6.48. Наместете аларм. И легнувајте си во исто време. Во 23.27. Дури и ако не ви се спие, дури и ако гледате интересен филм или се допишувате со некого. Прекинете, извинете се и продолжете утредента.

По еден месец, мојот пријател отишол во продавница да врати некој помал долг. Кога ги спуштил парите на каса, му заѕвонил телефонот и му се јавил некој стар клиент кој барал повторна соработка. А потоа, се’ почна да се расплеткува.

Сега се’ е во ред со неговиот живот. Долговите се исплатени, бизнисот му се обновува, а и здравјето му е се’ подобро.

Сето тоа почна така што тој се трудеше да биде темелен, внимателен, чувствителен на детали…

Сите сме составени од тие ситници. И најголемата војска може да се победи ако во една пушка нема доволно куршуми.

Мора да почнеме да го средуваме телото, така што ќе средиме еден нокт.

И покрај тоа што е многу ефикасен, ретко го користиме овој едноставен метод. Немаме доволно трпение. Еднаш кога ја избриша маста и го намести креветот, почна нетрпеливо да прашува: ‘Кога ќе ми се врати среќата?’

Потребно е долго да ги менувате вашите навики и внимателно да го чистите просторот. Тоа делува! Но само неколкумина ќе потврдат дека овој текст е вистинит: тоа се луѓето што имаат трпение и внимание.

Тоа се луѓето што го сфатиле значењето на овој едноставен метод. Многу е важно да сфатите зошто е тоа потребно. Но нетрпеливото очекување на резултатите може да уништи се’. Ова е корисен и едноставен начин кој секогаш може да го пробате!“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.