7 бесрамни совети од Коко Шанел: Ако ги прифатите, ништо нема да може да ве уништи!

Прочитајте!

Овие неколку бесрамни совети од Коко Шанел ќе го променат животот на секоја жена

Била ценета, била и критикувана, но никој не можел да и’ остане рамнодушен на големата Коко Шанел:

1. Ослободете ги рацете

Каде почнува слободата на жената? Токму од рацете! Затоа Коко ја смислила малата чантичка со долг ремен. Така рацете на жената секогаш може да бидат слободни.

2. Бидете слободни

Коко имала многу обожаватели, но никогаш не живеела поради нив. Таа го живеела својот живот како да е непозната и слободна жена. Имала љубовници колку што сакала и кога сакала.

3. Носете удобна облека

„Луксузот мора да биде удобен, инаку не е луксуз“, советувала Коко. Таа сметала дека жените не треба да носат мидери, што во тоа време било бесрамно.

4. Не плашете се од нови почетоци и покрај годините

Коко врвот на својата слава го достигнала на возраст од 50 години. А потоа, по подолга пауза му се вратила на модниот свет на 70 години. И да, многумина ја осудувале, велеле дека нејзината нова колекција е безвредна, но таа сите ги игнорирала и повторно станала позната.

5. Облекувајте се за себе

„Жените треба да се облекуваат за себе, а не за да им угодат на мажите!“. Оваа реченица предизвикала многу негодувања. Меѓутоа, денес се’ повеќе жени живеат според оваа реченица на Коко Шанел.

6. Слободно носете црно

Малиот црн фустан го превртел модниот свет и идејата дека жената може да носи црно само кога жали. Започнал револуција!

7. Спијте доволно

„Постои ли нешто толку вредно во социјалниот живот за да си ја запоставиме перницата?“ , се прашувала Коко Шанел. Таа ги советувала жените слободно да бидат сами и да си ја прегрнат перницата.

Ако некој ве изнервира, слободно приклучете се себеси на Коко-расположение и уживајте!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.