Сите гледале во нејзините чизми: Сандра Булок фотографирана во моделот што оди на се’!

За сите пригоди

Холивудската актерка облекла модна комбинација што лесно се копира

Сандра Булок (55) го привлекла вниманието на минувачите и папараците кои ја фотографирале како излегува од една зграда на Беверли Хилс.

Холивудската актерка за извршување на дневните обврски одбрала црно миди-здолниште со ситен бел дезен и црн џемпер со удобен крој.

https://www.instagram.com/p/B6L7ODNF36E/

Модната комбинација ја зачинила со црни чизмички на врзување.

Лакираниот модел чизмички што потсетува на попрефинета варијанта на популарните мартинки е избор што го прави целиот стајлинг повпечатлив и му дава шик нота.

https://www.instagram.com/p/B6L7Klwl43U/

Аутфитот го заокружила со црна чанта и диоптриски очила со впечатлива црна рамка.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.