Премиерката на Финска го скратува работното време: 4 работни дена неделно, 6 часа дневно?

Што мислите за ова?

Сана Марин има 34 години, а позната е по тоа што е најмладата премиерка на светот

Се’ повеќе компании настојуваат да ја зголемат продуктивноста со нагласување на рамнотежата помеѓу работното време и приватниот живот, па така идејата за скратена работна седмица станува се’ повообичаена.

Државата во Европска унија посебно се познати по тоа што се залагаат за прилагодување на работата на семејството и семејниот живот, а Финска воопшто не се разликува од останатите.

„Четиридневна работна седмица, шестчасовен работен ден. Зошто тоа не би можело да биде следниот чекор? Дали осумчасовното работно време засекогаш е дефинирано? Верувам дека луѓето заслужуваат да поминуваат повеќе време со своето семејство и саканите, да се занимаваат со своите хобија и со други аспекти од својот живот, како на пример културата. Тоа би можело да биде следното скалило за нас во деловниот свет“, изјавила неодамна Сана Марин за медиумите.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.