Кога некој сака да ве понижи и навреди: Доволен е само еден потег и ќе излезете како победници!

Вреди да прочитате!

„Ако ми донесеш подарок, а јас не го прифатам, кому му припаѓа тој подарок?“

Добро прочитајте ја и запомнете ја оваа приказна, па кога ќе забележите дека некој сака да ве навреди или понижи, направете го ова и ќе излезете од целата ситуација како победници!

Си живеел еден монах, кај кого доаѓале луѓе од целиот свет за совет, а важел и за личност која секогаш е смирена и за човек кој невозможно е да се навреди.

Го чул тоа еден зол човек и одлучил да го тестира мудрецот. Отишол кај него и веднаш штом го здогледал, почнал да го навредува и понижува со најлошите можни зборови. Откако немал повеќе навреди, застанал за момент и сфатил дека монахот и понатаму е смирен и прибран, исто како и пред тој да дојде.

Тоа страшно го изнервирало лошиот човек, па продолжил да го пцуе и да го навредува уште повеќе од претходно, но залудно. Се чинело дека тоа воопшто не допира до мудрецот.

Кога останал без пцости и ја изгубил сета своја енергија, одлучил да му пријде на монахот и да ја дознае неговата тајна.

„Ги разбирам вашите духовни работи и тоа што не ви е гајле што другите луѓе мислат и говорат, но јас те понижив и навредив, треба да научиш дека мора да се бориш за себе“, му рекол човекот.

„Синко, може ли да ти поставам само 2 прашања?“, го прашал монахот.

„Секако“, одговорил човекот.

„Ако ми донесеш подарок, а јас не го прифатам, кому му припаѓа тој подарок?“, го запрашал мудрецот.

„Па, ако не го прифатиш подарокот, тогаш тој и понатаму ми припаѓа мене“, одговорил лошиот човек.

„А сега, сине мој, ако ти за мене имаш само навреди, а јас не ги прифаќам, кому му припаѓаат тие?“, заклучил мудриот човек и си отишол, а лошиот човек останал да стои зачудено. 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.