Меланија Трамп изгледа како девојче во оваа спортска комбинација: Ниту едни штикли не им се рамни на овие обувки!

Моден погодок!

Одлично и’ стои спортската елеганција

Првата дама на Америка Меланија Трамп заедно со сопругот Доналд и синот Барон ја посетила Алабама, и по тој повод ги разгледала подрачјата разрушени од торнадата кои минативе неколку дена нанеле голема штета и го земале животот на 23 луѓе.

За оваа прилика, убавата Словенка морала да се откаже од потпетиците и елегантните фустани по кои стана препознатлива и се одлучила за феноменална удобна комбинација.

Меланија облекла бордо панталони и кратко тегет капутче, под кое ѕиркала бела ролка со бордо детали на рабовите од ракавите.

Со оваа прилично едноставна, но сепак впечатлива комбинација, првата дама обула бели патики со црвени шари, кои веќе неколку сезони се апсолутен хит кога е во прашање уличниот моден стил.

Одлично ја носела оваа спортска комбинација, а благодарение на витата фигура, во неа изгледала како девојче.

Дури и оние кои не ја сакаат баш не успеале да и’ најдат замерка на првата дама на САД, туку можеле да донесат само еден единствен заклучок: исто како и свечената, така и спортската елеганција одлично и’ прилега!

Што мислите вие? Ви се допаѓа како на Меланија и’ стои спортскиот стил?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.