Исцедете сок од јаболко без соковник

Практичен совет

Имајќи предвид дека секое домаќинство не располага со соковник со чија помош за миг може да исцеди овошје, предлагаме да испробате една добро позната техника што ќе ви го овозможи тоа и без модерните кујнски апарати.

Земете зрело но цврсто јаболко, ставете го во замрзнувач да отстои прекуноќ, па утредента извадете го и оставете го да се одмрзне на собна температура.

Потоа, поставете го над сад или поширока чаша, со нож направете засек на едно место, па со раце, со мал притисок, исцедете го целиот сок. Јаболкото по одмрзнувањето ќе биде многу меко, така што ќе можете целосно да го исцедите.

Истата постапка применете ја и за круши, сливи, смокви и за друго овошје што има помека мембрана.

Текст: „Добра храна“

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.