Искусни домаќинки споделија: Корисни трикови за чистење на кујната

Чистењето на кујната за многумина е една од најлошите домашни работи, но не мора да биде така затоа што со неколку трикови на постари домаќинки маснотиите од кујнските површини се чистат брзо и лесно.

Чистењето на кујната може да трае и одзема многу време, но овие едноставни трикови споделени на разни социјални мрежи ќе ви помогнат да исчистите сè брзо и лесно. Резултатите ќе ве воодушеват, а веројатно веќе ги имате сите потребни производи дома.

Рерна и тави за печење

Таблетите за миење садови се одлични за чистење на овие предмети, а процесот е многу едноставен. Земете таблета, натопете ја во топла вода и нежно избришете ја вратата од рерната. Продолжете да ја потопувате во вода за да ја одржите таблетата влажна, и со неколку потези на крпата нечистотијата ќе излезе. Што се однесува до тави за печење и садови, само ставете ја таблетата во тавата и додадете топла вода. Оставете да отстои неколку часа, а потоа само исплакнете ги.

Гребнатинки на метални уреди

Ослободете се од гребнатинки на микробранова, фрижидер или печка со помош на само еден производ – паста за заби. Нанесете паста за заби на гребнатинката и чистете со четка. На крај, избришете со крпа од микрофибер.

Мијалник

Чистењето на мијалникот понекогаш може да биде лесно, но повеќето луѓе забораваат да исчистат една работа – под отворот. Едноставно отстранете го отворот на мијалникот, ако можете, и ставете една лажица сода бикарбона, истурете алкохолен оцет над сè, а потоа и топла вода.

Шпорет

Можете лесно да отстраните варовник од шпоретот со ставање вреќа со лимонтус во водата и уклучување за да зоврие. По десет минути исплакнете го шпоретот со ладна вода.

Прочитајте и: Можете да користите кора од портокал на неколку начини – испробајте ги овие

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.