Можете да користите кора од портокал на неколку начини – испробајте ги овие

Сигурно и вие, како и повеќето луѓе, откако ќе излупите портокал, ја фрлате кората во ѓубре. Сепак, овие лушпи можат да се користат за многу работи, па зошто да не пробате некои од нив …

Белење на заби

Кога размислуваме што значи да се има светла насмевка, првата мисла е обично бели заби. Лушпите од портокал содржат природно соединение наречено лимонска киселина, кое често се додава во пастата за заби и може да помогне да ги направите вашите заби бисерно бели. Едноставно тријте ги забите со кора од портокал еднаш неделно и исплакнете.

Производ за чистење

Изработка на сопствено средство за чистење на кора од портокал е лесен начин да го намалите отпадот и да заштедите пари. Можете да го користите за чистење прозорци, плоча за готвење … Едноставно истурете малку алкохолен оцет во едно шише и додадете кора од портокал. Чувајте ја смесата во фрижидер неколку недели и тресете од време на време.

Отвратител на инсекти

Исушете малку кора од портокал. Наполнете шише со прскалка со вода и додадете сушена кора од портокал. Попрскајте го просторот кога и да треба!

Ослободете се од непријатните мириси

Јасно е дека никој не ужива во мирисот на стапалата, иако е нормален и многу чест. Друга одлична употреба на кора од портокал е да ја ставите лушпата во чевлите преку ноќ и да уживате во свежиот мирис на цитрус наутро додека ги облекувате чевлите.

Прочитајте и: Зошто треба да ја измиете облеката веднаш по купувањето?

 

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.