На телото му треба одмор: Пауза од вежбање не е мрзеливост!

За сите оние кои вежбаат поинтензивно, важно е да знаат дека на телото му е потребен и одмор, особено по интензивен тренинг. Ова не значи дека сте мрзливи, туку дека на мускулите им е потребно закрепнување.

Односот со вежбање кај повеќето луѓе варира, од ден на ден. Понекогаш ќе бидете полни со енергија и можеби ќе вежбате секој ден. Од друга страна, има денови кога едноставно немате енергија или мотив за вежбање. Ако мислите дека еден ден одмор ќе ве исфрли од вистинскиот пат, вие сте во голема заблуда бидејќи на умот и на телото им треба малку време да се опорават.

Ова не значи да лежите во кревет или на кауч цел ден гледајќи серии и филмови, туку дека наместо интензивен тренинг се обидувате да направите малку полесни активности како што се пешачење, истегнување или краток јога тренинг.

Активните денови за одмор се клучни за постигнување на вашите фитнес цели и целокупното здравје, а еве и зошто:

Тие ви помагаат да станете посилни

Без разлика дали кревате тегови, трчате или вежбате пилатес, вашите мускули би можеле да болат по секој интензивен тренинг. Затоа, еден ден одмор му овозможува на вашето тело да ги надополни резервите на енергија и да ги поправи оштетените ткива. Мускулите стануваат посилни, што со текот на времето ви овозможува да го изведувате истиот тренинг со помалку напор.

Ја намалувате можноста од повреда

Нашите тела можат да издржат голем физиолошки стрес, но кога премногу го оптеретуваме, тоа може да резултира со повреди. За да останете силни и здрави, во ваш најдобар интерес е да одморите барем еден ден во неделата.

Одморот е добар за менталното здравје и мотивација

Од психолошка гледна точка, слободниот ден може да ги наполни вашите батерии, да спречи „прегорување“ и да ја зајакне вашата мотивација за вежбање. Вежбањето може да го зголеми нивото на ендорфин и енергија, но кога не му дозволуваме на телото да се одмори, нивото на ендорфин и енергија може да се намали.

Ако вежбањето ви изгледа како товар или работа, тоа е сигурен знак дека не си давате доволно одмор. Ако е така, одморете неколку дена. Наскоро повторно ќе посакате да вежбате.

Ќе спиете подобро

Ако вежбате премногу, можеби нема да можете да заспиете или ќе се будите често во текот на ноќта. Може да се чувствувате целосно уморни и сепак да се борите да заспиете или да се разбудите неколку пати во текот на ноќта. Ова е затоа што вежбите го зголемуваат производството на кортизол во организмот и ако не му дозволите на телото да се одмори, хормоните на стресот може да се зголемат. Ден-два одмор може да помогне во балансот на спиењето.

Ако се чувствувате уморни, имате болка или имате потешкотии да одите по скалите затоа што ве болат мускулите, време е за еден ден одмор. Дури и ако немате ваква болка, се препорачува еден или два дена во неделата за активен одмор. Само слушајте го вашето тело, тоа најдобро знае.

Деновите за одмор не се знак на мрзеливост, тие се неопходен дел од вашиот распоред за тренинг и ќе ви помогнат да ги исполните своите цели на побезбеден, поздрав и поодржлив начин.

Прочитајте и: Колку време е потребно за совршено обликуван стомак? Ако ги изберете вистинските вежби, дури 5 минути на ден ќе направат чуда!

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.