Едноставни трикови за чиста кујна: Користете природни производи што веќе ги имате дома

Лимонот е одличен за чистење на тврдокорни дамки во микробранова печка, а пастата за заби совршено полира сребро.

Производите за чистење се одлични за темелно чистење на домаќинствата, но понекогаш природните производи можат да бидат подобро решение. Работите што ги користиме секој ден, како лимонот, солта и пастата за заби, можат да станат одлични средства за чистење.

Лимон за микробранова печка

Во еден сад измешајте една чаша вода, три лажици јаболков оцет или алкохол и неколку парчиња лимон. Додадете дрвена чепкалка за заби за да не зоврие смесата, а потоа ставете го садот во микробранова печка и загревајте една до две минути. Пареата од смесата ќе ја ослободи целата нечистотија, и останува на вас само да ги избришете сите остатоци со влажна крпа.

Сол за садови

Садовите од леано железо лесно ‘рѓосуваат, но само малку сол ќе ви помогне да ги исчистите. Ставете слој сол на дното на садот и истријте го со една половина од компир. Солта и компирот ќе создадат мешавина што ќе ја исчисти ‘рѓата и ќе ги остави садовите совршено чисти.

Паста за заби за сребро

За да направите сребрените садови или прибот да изгледаат сјајни и нови, истријте ја површината со бела паста за заби. Користете мека четка за заби потопена во вода или влажна крпа за да ја протриете пастата за заби во садот со кружни движења, а потоа добро исплакнете ја и исушете ја темелно.

Прочитајте и: Малите работи доведуваат до големо средување, испробајте!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.