Два брзи трикови за отстранување на дамките од лак за нокти од облеката

Истуривте лак за нокти на омиленото парче облека или тепих! Не паничете затоа што со овие трикови нема да останат ниту најмалите траги од дамки …

Кога истурате лак на облека или мебел, честопати мислите дека нема спас и дека е време овие предмети да се исфрлат. Но, тоа не мора да биде случај.

Кога станува збор за облеката, можете да ја зачувате, но важно е да запомните дека секој материјал има свој начин на чистење. За лесно чистење траги од лак за нокти, експертите за чистење споделија два едноставни начини.

Метод на ладење

Ако некогаш сте чуле дека замрзнувањето на гума за џвакање помага да се отстрани од облеката, сега знаете дека можете да го сторите истото со лак за нокти. Нанесување вода на лакот на облека само ќе ја влоши ситуацијата, затоа треба што побрзо да отстраните поголеми делови од лакот од облеката и да го ставите во замрзнувач да се олади. Откако лакот е целосно замрзнат, едноставно тргнете го од облеката.

Метод на отстранување

Потопете крпа со отстранувач за лак и лесно тапкајте ја дамката, никогаш не тријте ја. Секогаш користете отстранувач без ацетон за да спречите евентуално оштетување на материјалот. Откако ќе извадите поголем дел од лакот, користете средство за отстранување дамки од облеката и ставете ја во машината за перење на ладно миење.

Прочитајте и: Дали треба да ги исплакнете садовите пред да ги ставите во машината за перење?

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.