Дневна доза терапија: Намирници кои го спречуваат стареењето

Во борбата против прераното стареење, голема улога игра храната која секојдневно ја конзумираме.

Првиот показател на состојбата на нашиот организам се огледува на кожата. Иако ни се чини дека козметиката и бројните производи помагаат, најважно е со што се храниме. Затоа овие намирници можат да помогнат во одржувањето на чистата кожа.

Добрејка

Добрејката, исто така позната и како крес, е одличен производ за убавината и здравјето. Оваа хидратантна билка е извор на калциум, калиум, манган, фосфор, витамин А, Ц, К, Б-1 и Б-2.

Таа на кожата делува како внатрешен антисептик и ја зголемува циркулацијата како и доставувањето на минерали до сите клетки во телото што води до засилување на оксидацијата на кожата. Во комбинација со витамините А и Ц, антиоксидантите можат да ги неутрализираат штетните слободни радикали така што на тој начин го спречуваат формирањето на тенките линии и брчки.

Додадете ја оваа ароматична зелена билка во вашата салата за сјајна кожа и општо подобрување на здравјето. Оваа вкусна билка исто така може да го подобри имунитетот, да помогне со варењето и да ѝ помогне на тироидната жлезда со јодот кој се наоѓа во неа.

Црвени пиперки

Црвените пиперки се полни со антиоксиданти кои се незаменливи кога станува збор за антистареењето. Покрај високата содржина на витамин Ц – кој е добар за производување на колаген – црвените пиперки содржат силни антиоксиданти кои се нарекуваат каротеноиди.

Каротеноидите се пигменти кои ја даваат црвената, жолтата и портокаловата боја кај повеќето овошје и зеленчук. Тие имаат антиинфламаторни својства и можат да помогнат во заштита на кожата од горење при сончање, загадување и токсини од животната средина.

 

Папаја

Овој вкусен произдов е богат со антиоксиданти, витамини и минерали кои можат да ја подобрат еластичноста на кожата и да го намалат појавувањето на тенки линии и брчки.

Тие содржат: витамини А, Ц, К и Е, калциум, калиум, магнезиум, фосфор и витамини од Б-групата.

Широкиот спектар на антиоксиданти во папајата помагаат во борбата против оштетување од слободни радикали и можат да ги успорат знаците на стареење. Папајата исто така содржи ензим наречен папаин кој додатно користи во борбата против стареењето, така што делува како најдобро антиинфламаторно средство на природата. Исто така се среќава во бројни ексфолирачки производи.

Боровница

Боровниците се богати со витамин А и Ц како и со антиоксидантот наречен антоцианин. Токму тој на боровниците им ја дава впечатливата сина боја.

Моќите на антиоксидантот можат да помогнат во чување на кожата од горење од сонцето, стрес и загадување, преку олеснување на воспалителните процеси и спречување на губење на колагенот.

 

Прочитајте и: 10 намирници кои секогаш треба да ги имате во фрижидерот

 

Брокула

Брокулата има антиинфламаторно дејство и снабдена е со витамин Ц и К, различни антиоксиданти, влакна, фолна киселина, лутеин и калциум.

На вашето тело му е потребен витаминот Ц за произведување на колаген, основен протеин во кожата кој ја дава нејзината сила и еластичност. Лутенот е поврзан со одржување на меморијата во мозокот, како и витаминот К и калциумот, кои се од суштинско значење за здравјето на коските и превенција од остеопороза.

Спанаќ

Спанаќот е добар избор на хидратантност и е полн со антиоксиданти кои помагаат во оксидацијата на целото тело. Исто така, е богат со витамините А, Ц, Е и К, магнезиум и железо.

Содржи високо ниво на витамин Ц кој го зголемува произдството на колагенот. Витаминот А ја одржува косата силна и сјајна, додека витаминот К има антиинфламаторни својства.

Јаткасти плодови

Голем број од јаткастите плодоби (особено бадемите) се одличен извор на витамин Е кој може да помогне во обнувување на кожното ткиво, задржување на влажноста во кожата и може да ја заштити кожата од штетните УВ зраци. Оревите дури содржат омега-3 масни наслаги кои можат да помогнат во зацврстување на мембраната на кожата.

ФОТО: Shutterstock

Авокадо

Авокадото е ефикасно во борбата против инфламацијата. Содржи разновидни основни хранливи материи кои можат да ги спречат негативните ефекти на стареењето, вклучувајќи: витамин К, Ц, Е и А, витамини од групата Б, калиум.

Високата содржина на витаминот А во авокадото може да помогне при отстранување на мртвите клетки на кожата. Содржи каротеноиди кои помагаат во блокирањето на токсините и повредите од сончевите зраци, а исто така го спречуваат појавувањето на рак на кожа.

Сладок компир

Портокаловата боја на слаткиот компир доаѓа од антиоксидантот наречен бета-каротен кој се претвора во витамин А. Витаминот може да помогне во враќање на еластичноста на кожата. Го стимулизира метаболизмот на клетките и допринесува на меката кожа. Овој вкусен корен исто така е одличен извор на витамин Ц и Е кои можат да ја заштитат кожата од штетните слободни радикали.

Калинка

Витаминот Ц и разновидните моќни антиоксиданти кои се наоѓаат во калинката го чуваат телото од оштетување од слободни радикали.

Ова овошје, исто така, содржи соединение наречено punicalagins кое помага во задржувањето на колагенот во кожата.

Не е само морковот спас за видот: Еве кои 7 намирници го чуваат здравјето на очите

 

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.