Меган и Хари ја изиграле кралицата во последен момент: Еве како почнал Денот на Комонвелт во Британија!

Предизвикале бурни реакции

Внимателно се следи секој чекор на кралското семејство

Вчера, британската монархија го прославила Денот на Комонвелт. Се обележува секоја година во март, најчесто вториот понеделник од месецот.

Овој ден посебно го обележува британското кралско семејство. Се собираат сите најважни членови на монархијата, а оваа година празникот предизвикал дополнителен интерес, бидејќи ова е последната кралска должност што ќе ја извршат Меган Маркл и принц Хари.

Иако првично сите требало да бидат дел од поворката на кралицата низ црквата Свети Петар во Вестминстер, каде што традиционално се обележува овој ден, Меган и Хари во последен момент се откажале од поворката и барале директно да бидат спроведени до своите места во црквата и да не учествуваат во прошетката.

За да се одбегнат новите трачеви, кои ги има милион последниве месеци, кралицата одлучила ни Кејт ни Вилијам да не бидат дел од поворката, туку браќата и јатрвите да бидат сместени така што ќе седат заедно. Се чини дека секој го добил она што го заслужил, па така Кејт и Вилијам седеле во прв ред, додека Меган и Хари биле сместени во вториот ред.

Многумина прокоментирале дека така кралицата јасно ставила до знаење кој и’ е поблизок.

„Верувам дека сите ќе се однесуваат добро и ќе дадат се’ од себе. Но само бог знае што тие навистина мислат“, рекол кралскиот биограф Пени Џунор пред прославата на Комонвелт.

На церемонијата секогаш задолжително присуствуваат и принц Чарлс и Камила Паркер.

ФОТО: Printscreen/Youtube

Погледнете го и модниот прекршок на јатрвите: Меган и Кејт со својот избор покажале колку се разликуваат.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.