Што ѝ се случува на кожата на лицето кога спиете со шминка?

Последици за кожата

Дали сте убедени дека вашата кожа ќе биде во ред ако заспиете со шминка на лицето? Па, тоа не е така.

Моментот кога ќе се вратите дома од „ноќниот живот”, кога сте на чекор пред легнување во кревет, особено тешко ви е да ја отстраните шминката. Меѓутоа, прескокнувањето на овој ритал е неприфатливо. Покрај тоа што лицето брзо старее и останува без кислород можете да добиете и алергија. Затоа никако не ризикувајте.

Колку знаеме за „баналните“ промени на кожата


Што прави кожата во текот на ноќта?

Кожата има многу специфичен ритам. Кога сме во сон, таа почнува со обновувањето, размладувањето и освежувањето. Изумрените делови на кожата се менуваат со нови, Ph рамнотежата се балансира, а влажноста се обновува. Кога спиеме со шминка на лицето, го вознемируваме процесот бидејќи кожата не може да диши.

Како шминката ѝ штети на кожата?

Таа ја собира нечистотијата, потта и загадувачите од околината кои влегуваат во длабоките слоеви на кожата која тогаш е најизложена на слободните радикали кои влијаат врз колагенот, брчките, прераното стареење, сувоста како и недостатокот на кислород.

 

Прочитајте и: 7 дена без шминка: Годишен одмор на кожата на лицето

 

Дали штетат моливчето за очи и маскарата?

Дури и најмалите остатоци од овие производи можат да доведат до запушување на фоликулите на трепките и масните жлезди на капаците. Тоа може да придонесе кон навистина непотребни компликации кои може да се избегнат со брзо отстранување на шминката. Затоа, ако помислите да не ја отстраните на шминката, помислете на овие последици.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.