Не е само морковот спас за видот: Еве кои 7 намирници го чуваат здравјето на очите

Дознајте

Во продолжение прочитајте која храна позитивно влијае врз здравјето на очите

За добар вид, треба да го наполните организмот со витамини, минерали и антиоксиданси.

Правилната исхрана многу влијае врз здравјето на очите, забавувајќи го оштетувањето на видот кое е поврзано со стареењето и го намалува ризикот од рана загуба на видот предизвикана од напрегање на очите или очни болести.

Сите знаеме дека морковот го штити видот, но и спанаќот и јајцата. Постојат уште некои производи што можат значително да влијаат врз квалитетот на видот.

Праски

Исто како и морковот содржат бета каротен и ликопен. Бета каротенот во телото се претвора во витамин А кој ја штити очната леќа од оксидативен стрес и ги спречува дегенеративните промени додека каротеноидите го поправаат видот.

Јагоди

Јагодите се богати со витамин Ц, кој е познат како одличен антиоксиданс и ги штити крвните садови.

Боровинки

Боровинките освен витамин Ц содржат и влакна, поради што го намалуваат заморот на очите. Се препорачува да го јадете ова зрнесто овошје за да го подобрите ноќниот вид.

Темно чоколадо

Темното чоколадо содржи флавоноиди кои помагаат за заштита на крвните садови на очите и истовремено ги зајакнуваат рожницата и леќата. Но треба да одберете темно чоколадо со најмалку 60% какао, бидејќи тоа има најдобар ефект.

Сладок компир

Слаткиот компир е богат со бета каротен во форма на витамин А кој го подобрува ноќниот вид, така што го олеснува прилагодувањето на видот во темница. Еден сладок компир содржи повеќе од половина од дневната доза витамин Ц и помала количина на витамин Е.

Сончогледови семки

Семките од сончоглед содржат многу цинк и витамин Е, кои го зајакнуваат имунитетот. Ни помагаат да развиеме отпорност на очите на разни болести. Меѓу останатите вкусни производи што изобилуваат со витамин Е се вбројуваат и кикирики, киви и манго.

Говедско месо

Немасното говедско е богато со цинк кој помага да го наполниме телото со витамин А. Освен тоа, игра важна улога во намалувањето на ризикот од развивање старечка макуларна дегенерација. Секако, треба да го консумирате умерено.

А дали знаете за што е добар целерот? Прочитајте!

ФОТО: PIXABAY

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.