Тајните на убавината на Клеопатра

Вечна убавина

Египетската владетелка Клеопатра се смета за една од најубавите жени на сите времиња. За нејзината нега, таа ги користела едноставните состојки што на сите ни се достапни, а ние ги откриваме нејзините мали тајни за убавина.

Без разлика дали ќе одлучите да одите во салон или да слушате совети стари над две илјади години, одлучете сами. Факт е дека во времето на Клеопатра немало индустрија за убавина со неограничен избор на козметички производи, така што нејзината убавина е сведена само на производи засновани на природни состојки од растително или животинско потекло. Еве ги нејзините мали тајни за убавина.

Млеко од магаре и мед

Се верува дека Клеопатра својата мазна и негувана кожа ја должи на хранливите бањи направени од млеко од магариња и мед. Египќаните ја користеле оваа комбинација на состојки за маски за лице. Производите од млеко од магариња сега се достапни, како и млеко од магариња. Меѓутоа, ако немате многу пари, затоа што е добра инвестиција, обичното млеко во бања со 5 големи лажици мед исто така ќе ви помогне.

 

Прочитајте и: Со оваа маска брчките исчезнуваат за миг: Лицето драстично ќе ви се подмлади за еден месец

 

Сол од Мртво море

Мртвото море се смета за најголен природен спа центар на светот, а капењето во него, заради високите количини на лековита сол, се препорачува за луѓе со кожни болести и општо проблеми поврзани со кожата. Клеопатра била свесна за лековитити својства, таа солта од Мртвото море ја користела во својата рутина за убавина.

Маска за лице од грозје и мед

Грозјето е познато како одличен антиоксиданс и во денешно време можете да најдете многу козметички производи кои во себе содржат масло од семките на грозјето. Клеопатра одлично знаела дека грозјето е добро за нејзиното лице, па често користела маска од грозје. Оваа маска можете да ја направите сами: измешајте мелено грозје со една лажица мед, нанесете го на лицето и оставете го да делува околу 15 минути. Измијте го лицето со млака вода.

Египетска депилација

Во повеќето козметички салони можете да закажете третман египетска депилација, која е помалку болна во споредба со останатите, а има ист ефект во отстранување на влакната. Предност е што одговара на сите типови на кожа и целосно природните состојки го чуваат нејзиното здравје. Очигледно е дека Клеопатра знаела што прави бидејќи нејзините рецепти се користат илјадници години.

Сода бикарбона и кокосово масло – магичен микс совршен за нега на кожата

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.