Ако трчате петпати неделно по 30 мин., ќе го забавите стареењето за 9 години

Научно потврдено!

Жените што трчале петпати неделно по 30 минути го забавиле стареењето на клетките за девет години, во споредба со оние што претежно седат во текот на денот. Истиот резултат се постигнува и доколку се вози велосипед 60 минути во текот на денот или се тренира со тегови во времетраење од 75 минути.

Можна причина за овој позитивен ефект: вежбањето дејствува против хронични воспалителни процеси и го намалува оксидативниот стрес, кој ги скратува теломерите – протеински „капи“ на врвовите на хромозомите, кои спречуваат промени предизвикани од стареењето.

Извор: Универзитет „Бригам Јанг“

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.