Оброк за секој ден: Лиснати погачки со сирење

Вкусно јадење за појадок!

Во филот од сирење можете да додадете малку изрендан лук

Состојки:
  • 500 г брашно
  • 150 мл млеко
  • 100 мл кефир
  • 20 г свеж квасец
  • 1 лажиче шеќер
  • 1/2 лажиче сол
  • 50 мл масло
  • 125 г путер
  • 400 г издробено сирење
  • 2 лажици милерам
  • 1 јајце
  • малку сусам
Приготвување:

1. Помешајте млако млеко, издробен квасец, лажиче шеќер и брашно, па промешајте и оставете на топло да се нарасне.

2. Во еден сад ставете половина од количеството брашно, додајте сол и промешајте. Додајте ги маслото, нараснатиот квасец и кефирот. Постепено додавајте по малку брашно и месете со раце додека добиете мазно тесто. Замесеното тесто оставете го на топло 15 минути, да нарасне.

3. Потоа ставете го тестото на набрашнета работна масичка и исукајте го со сукало на дебелина од 5 мм.

4. На половина од тестото изрендајте 2/3 путер и преклопете го со празната половина. Изрендајте го преостанатиот путер на половина од свитканата кора и поклопете го со празната половина.

5. Расучете ја кората во правоаголник, преклопете го повеќепати и прекријте го со сува крпа, па оставете го да мирува 20 минути.

6. Расучете го отстоеното тесто со сукало, па премачкајте половина со мешавина од издробено сирење и милерам. Со тркалезен запчест нож засечете го накрсно тестото за да обликувате погачки. Наредете ги во тепсија обложена со хартија  за печење, па премачкајте ги со изматено јајце и посипете ги со сусам. Оставете ги да мируваат додека се удвои тестото.

7. Печете ги во рерна загреана на 200 степени Целзиусови додека поруменат.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.