10 причини поради кои се чувствувате старо и се дебелеете

Што предизвикува стареење и како да го запреме

Д-р Френк Липман е експерт за функционална медицина, а негови пациенти, меѓу другите, се и Гвинет Палтроу и Меги Џиленхол. Овој прогресивен лекар од Њујорк верува дека повеќето знаци за стареење не се неминовни, иако сме убедени дека се. Повторувам: НЕ се неминовни!

Имаме погрешни убедувања за стареењето. Кога ќе наполните 30 или 40 години, почнуваат да ви се јавуваат болки, проблеми, отоци , проблеми со помнењето, вишок телесна маса, па голем број лекари ќе ви кажат дека тоа е нормално на ваша возраст”, пишува д-р Липман.

За среќа, постои едно големо „но“.

Тоа нема врска со стареењето, станува збор за опаѓање на телесните функции. А по тој повод апсолутно можеме да преземеме нешто“, тврди тој и продолжува: „Среќавам сè повеќе млади луѓе со интолеранција на јаглехидрати (кај кои инсулинот не функционира како што треба). Пред 15-тина години, тој проблем се јавуваше кај возрасни групи од 40-50 години, а сега го гледам кај пациенти во 20-ти или 30-ти години. Доаѓаат во мојата ординација со автоимуни заболувања и проблеми со системот за варење, а сето тоа е поврзано со микробионот.“

 

Со други зборови, за голем број од симптомите на стареење можат да се најдат причинители на кои можеме да влијаеме.

На пример, инфламација, т.е. хроничните воспалителни процеси, е значаен фактор што го забрзува стареењето, а неа ја предизвикуваат, меѓу другото, стресот и нетолерантноста на одредена храна, што повторно доведува до прашањето колку се грижиме за нашиот дигестивен систем.

Според д-р Липман, клучот за долговечност и за виталност е претежно растителна исхрана што се темели на принципот „не се сите калории исти“ (на пример, разликата меѓу 300 калории добиени од листен зеленчук и исто толку добиени од чоколаден кекс), надополнета со здрави маснотии, редовно вежбање, релаксација и доволно сон.

10 причини поради кои се чувствувате старо и се дебелеете

#1 Не се храните правилно и не внесувате доволно здрави маснотии.

#2 Јадете премногу јаглехидрати и скроб.

#3 Вашиот организам не добива доволно хранливи материи.

#4 Вашиот микробиом не е во рамнотежа.

#5 Хормоните ви се во нерамнотежа.

#6 Не се движите доволно.

#7 Постојано сте под стрес.

#8 Не спиете доволно.

#9 Земате премногу лекови.

#10 Ви недостига чувство на ентузијазам, цел и на заедништво.

Текст: Ј. Убипарип

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.