8 начини да се ослободите од полжавите: Засекогаш исфрлете ги овие штетници од градината!

Вистинското решение

Дождот што паѓаше деновиве сигурно привлекол полжави – секој кој има градина има проблем со овие штетници

Полжавите се вистински штетници во градината. За многу кратко време можат да нанесат неверојатна штета: да изедат мал расад, штотуку никнати билки, салата, млад босилек, мирудија и слично.

Градинарите се досетиле и смислиле што може да ги избрка полжавите од вашата градина засекогаш…

1. Пченкарно брашно

Изгледа дека полжавите неверојатно ги привлекува ова брашно кое за нив е фатално. Навечер ставете тегла со пченкарно брашно во градината и утредента околу неа ќе најдете еден куп мртви полжави. Правете така секоја вечер додека целосно ги отстраните штетниците.

2. Пиво

Исто така, полжавите не можат да поднесат пиво, но многу го сакаат. Сипете пиво во плиток сад, како што е чиниче за саксија, па оставете го во дворот. Утредента, во него ќе најдете удавени полжави што ги привлекло пивото како медот пчелите.

3. Лушпи од јајце и талог од кафе

Лушпите од јајца ги сечат полжавите и тие не можат да поминат преку нивните остри рабови, додека талогот од кафе со самиот мирис ги одбива полжавите. Па така, направете бариера од лушпи од јајца и талог од кафе околу вашата градина.

4. Песок

Песокот околу градината ќе создаде иста бариера како и лушпите од јајце. Полжавите нема да поминат преку неа, а вашите билки ќе бидат безбедни.

5. Амонијак

Измешајте амонијак со вода со размер 1:6. Испрскајте го ова средство насекаде во градината и полжавите нема ни да му се приближат на вашиот двор.

6. Кеси за ѓубре

Распоредете кеси за ѓубре во дворот и во нив сипете малку вода. Привлечени од влагата, полжавите ќе влезат во кесата и ќе ве пречекаат утредента. Ваша одлука е што ќе направите со нив потоа.

7. Природни предатори

Ежовите, жабите и кокошките ги уништуваат полжавите. Ако имате вакви животни во дворот, полжавите нема да му се приближат.

8. Бакар

Ако ништо од горенаведеното не помогне, ставете бакарна цевка околу салатата или таму каде што се расадот и осетливите билки. Ова дефинитивно е најскапиот метод, но успева. Полжавите нема да преминат преку бакарната жица. Бакарот има природна реакција на слузта од полжавите, што овие штетници ги удира како да има пуштено струја низ нив.

Единствениот проблем е што полжавите внатре во градината нема да можат да излезат надвор, па затоа градинарите предлагаат во бакарните жици да им ставите замки од пченкарно брашно или пиво.

Една капка јод ги лечи растенијата од пепелница, гниење и габички: Секој градинар мора да го знае овој трик!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.