Во продажба е новиот број на „Руски доктор“

Нека ве служи здравјето, почитувани читатели

„Забранетата“ пролет најубаво мириса. За жал, оваа пролет сите сме во домашна изолација и немаме можност да уживаме во будењето на природата на вообичаениот начин – со долги прошетки под нежните сончеви зраци, опкружени со пријатели.

Но затоа, пак, интензивно го чувствуваме нејзиниот мирис, кој неизбежно привлекува убави мисли и навестува ново будење за секого од нас – будење поубаво од сите досегашни.

По сѐ, сите ќе продолжиме да испишуваме нови страници во нашиот живот – страници полни со почит и љубов кон себеси и кон другите. Затоа што долгите мигови поминати во домашна атмосфера нѐ поттикнаа да се потсетиме на некои подзаборавени вредности и  интензивно да размислуваме за себе, за сѐ околу нас, за сите наши пријатели.

А нашите најверни пријатели сте вие, драги читатели. Вие нѐ мотивирате и поттикнувате на нашите страници да споделуваме искуства и да нудиме практични совети и корисни препораки, за уште долги години заедно да пулсираме во ритамот на убавиот и спокоен живот.

Чувајте се, негувајте ги убавите мисли и внимавајте на своето здравје. И не заборавајте – ние сме секогаш тука за вас.

Еве што ви подготвивме во мајскиот број на „Руски доктор“:

8 За оние што страдаат од алергија

17 Рак на хранопроводот

18 Крлеж – подготвен за напад

20 Имунитет: зајакнете го својот штит

24 Влошки од брезова кора

26 Домашни масти и тинктури ги отстрануваат хемороидите

27 Секој чекор лекува

30 Ублажив витилиго

32 Психолошкиот тип на детето

33 Метаболички синдром

34 Поцрнете без сонце

36 Нега на кожата напролет

38 Јадете овошје во вистинското време

39 Глуварче: сонца полни со витамини

40 Три енергетски појадоци

42 За добро здравје во изолација

44 „Сита“ диета

46 Препарати од пупки

48 Лековити ползавци

50 Камења против стрес

Нека ве служи здравјето, почитувани читатели!

Ваша Сузана Митревска

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.