Најлудите ситуации на црвениот килим во Кан: Ева Лонгорија имала мака со ова, а со денови се зборувало за падот на Хелен!

Некои дами откриле премногу

Кој момент ви е најсмешен?

По две години, синоќа свечено беше отворен 75. Кански филмски фестивал. Гламурот повторно завладеа со овој француски град, а доказ за тоа се прекрасните стајлинзи на познатите дами.

Низ сите овие децении се случувале разни бламови на овој престижен настан, но и бројни смешни ситуации.

Издвоивме некои од најинтересните моменти!

Припадничките на женскиот пол генерално имале проблем со бујното деколте, а некои и откриле премногу позирајќи им на фоторепортерите. Некои актерки доживеале и пад на црвениот килим.

Имено, Хелен Мирен имала незгода кога се сопнала и паднала во 2018 година на плажата Мартунез пред 71. Кански филмски фестивал. Истата година Кристен Стјуарт останала без чевли.

Исто така, фоторепортерите ја уловиле Катринел Марлон како ги протегнува нозете на дрво во свечен фустан, додека Ева Лонгорија имала голема мака со фустанот!

А еден од најинтересните моменти се случил на 16 мај 2014 година, кога 25-годишниот украински новинар Виталиј Седиук ѕирнал под фустанот на Америка, додека таа позирала со своите колеги на црвениот килим. Кога виделе што се случува, обезбедувањето веднаш го отстранило.

Погледнете ги сите смешни ситуации во нашата галерија…

Главна на црвениот тепих: Адријана Лима со разголеното трудничко стомаче на кански фестивал! (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.