Ако изедете лажиче мед пред спиење, еве што ќе се случи со вашето тело!

Слабеење

Овој производ што важи за еден од најлековитите дарови од природата, помага и за слабеење

Сите посакуваме да губиме килограми, без да се ангажираме и да се откажуваме од омилената храна. Иако звучи премногу добро за да биде вистинито, британскиот фармацевт Мајк Мекинес смислил режим на исхрана, што помага да слабееме додека спиеме.

„Хибернациската диета се однесува на регулирањето на вашиот личен систем на природно закрепнување за контрола на тежината. Клучот е да се покрене механизмот за закрепнување на телото во текот на ноќта – метаболизмот се забрзува, мастите се согоруваат, а се намалува и нивото на хормонот за стрес“, рекол британскиот експерт и нагласил дека пред спиење треба да изедете лажиче мед.

Медот е еден од најлековитите дарови на природата, а креаторот на „медната“ диета тврди дека фруктозата и глукозата во медот му даваат на телото гориво што му е неопходно во текот на ноќта, а кое ја контролира рамнотежата на нивоата на шеќер во крвта и го поттикнува согорувањето маснотии.

За подобар ефект во процесот на слабеење, добро би било шеќерот целосно да го замените со мед. Се советува да ги исфрлите од исхраната шеќерот, засладената храна и вештачките засладувачи.

Па така, ако сакате да ослабите, еден од најважните чекори е 30 минути пред да одите на спиење, да изедете една лажица мед. Преголемата количина на мед исто така може да го покачи нивото на шеќер во крвта, со тоа и нивото на инсулин, па затоа се препорачува никогаш да не земате повеќе од една лажица.

Диета за инстант слабеење: Намалете 8 килограми за една недела!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.