Нови песни, нови спотови, нови фотографии: Дувнаа нови ветрови кај Александра Јанева! (ФОТО)

Време е за динамчни песни - вели познатата пејачка...

Фото: Приватна архива

За познатата пејачка Александра Јанева ќе кажат дека е кралица на баладите и до некаде навистина е така. Во нејзината богата музичка кариера таа ги има едни од најубавите балади кои се создале во последните десетина или дваесетина години…

Но, позади овие балади се крие една голема тага која за среќа денеска е само минато. Последниве неколку години во нејзиниот живот дуваат нови ветрови, а како велат: Среќата доаѓа од таму каде што дуваат ветровите…

“Кога пред три години стапнав во студиото на Лазар Цветкоски, бев потиштена, тажна и уште под трауми од прекинувањето на една токсична врска – вели Јанева за порталот „tocka.com.mk“.

Фото: Приватна архива

Александра откри дека во време на корона-пандемијата со својот тим постојано работела на создавање нова музика, но сепак, трагите од токсичната врска си го направиле своето.

“Скоро година дена пробувавме да правиме музика без форсирање, но или не ни одеше или кога за некое парче сметавме дека има потенцијал, секогаш вокалот ми звучеше тажно и сето тоа водеше кон правење тешки балади. Имам многу баладични демоа од тој период… Но како што времето минуваше јас се посветив на себе, на работите и луѓето што ми се важни во животот и имав се повеќе причини за среќа и се повеќе љубов во мојот живот отколку тага“ – објаснува познатата пејачка.

Фото: Приватна архива

Таа силно верувала дека кога-тогаш ветерот ќе ја „дувне“ и ќе и донесе среќа…

“Пуштив да ме носат новите ветрови и парче по парче, звук по звук, лекција по лекција ја составувам новата верзија од мене. Новата јас ужива во правењето музика од секојдневието и не се плаши да го покаже неочекуваното“ – завршува Јанева.

Фото: Приватна архива

Ако може да се извлече заклучок, тогаш по се изгледа Александра баладите ги става на „stand by“, па од неа во наредниот период може да очекуваме нешто ново и динамично, како музички така и визуелно.

Фото: Приватна архива

Таа неодамна го објави најновиот сингл со наслов „Глумиме“ и за кратко време се најде на речиси сите топ-листи на радиостаниците во нашата земја. Во скоро време Јанева најавува уште нови песни, а до тогаш да се потсетиме на „Глумиме“:

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.