Кралицата Елизабета среќна како мало дете: После 60 години, конечно и’ се исполнила една будалеста желба!

Исклучително ретка глетка

Ги ставила рацете на колкови и ги имитирала професионалните модели

Британската кралица Елизабета (93) покажала сосема поинаква страна од онаа на којашто досега сме навикнале. Таа за момент заборавила аристократското сериозно држење на фотографиите и конечно си ја исполнила желбата што ја имала со години – да се фотографира со рацете во џебови!

Фотографијата ја објавил магазинот Hello по повод објавувањето на книга на Ангела Кели, долгогодишната стилистка на кралицата, а портретот што го овековечил фотографот Бери Џефри ги воодушевил фановите ширум светот.

На фотографијата од очите на кралицата се гледа колку е среќна што конечно зазема ваква поза за фотографирање и токму нејзината искрена насмевка е тоа што го воодушевило светот.

https://www.instagram.com/p/B4PT3AwpYt-/?utm_source=ig_embed

Кралицата Елизабета посакувала ваква фотографија уште од крунисувањето, но Кралицата мајка и службениците од палатата никогаш не и’ дале одобрување.

Ангела Кели откриле уште занимливости од фотографирањето.

„Нејзиното величество позираше во различни пози – со рацете во и надвор од зебови, па ги ставаше рацете на колкови и ги имитираше професионалните модели. Беше многу среќна и природна“, открила Кели.

Сепак, кралскиот совет одлучил дека необичните фотографии на кралицата не се соодветни за објавување во јавност и одобриле само една – ретка фотографија на која се гледа нејзината насмевка од уво до уво!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.