Како да изгледате помлади дури и во 60-тите години: Само погледнете ја Брижит Макрон!

Корисни совети!

Кога ќе дојдете до одредени години, не може да ја вратите младоста, но она што можете да го направите е да не изгледате како баба

Може да постигнете младешки изглед и во 60-тите години од животот. Како? Само погледнете како го прави тоа Брижит Макрон.

Фризура

Можеме да мислиме и да зборуваме што сакаме за Брижит Макрон, но не можеме да оспориме дека има убава и негувана коса. Должината на косата е до вратот и често го покрива (ниту една пластична операција не може да ги скрие годините од вратот, деколтето и рацете).

https://www.instagram.com/p/B2hnkWyoTCk/

Па така, убаво исфенираната и бујна коса до рамена и’ ги прекрива недостатоците на вратот. Бојата е исто така многу важна. Мора да биде сјајна и впечатлива, никако истрошена и безживотна. Сјајната коса и дефинираната боја му даваат сјај на лицето.

Боја на облека

Традиционално, жените ширум светот одбираат потемни нијанси на облека како што стануваат постари. Ретко ќе видите жена во поодмината доба како носи лесен фустан во светлосина или розова боја. Меѓутоа, ќе ви откриеме една тајна: светлите бои лекуваат и облагородуваат. На Брижит, светлата облека и’ дава поздрав и помладешки изглед.

https://www.instagram.com/p/B4KFaEJnPWo/

Истакнете ги предностите на вашата фигура

Точно е дека жената мора да има облини и дека вишокот килограми е нормален, ако на жената не и’ пречат здравствено и психички. Но вистина е дека повитите жени изгледаат помладо. Па така, ако можете, доведете го вашето тело до совршена линија.

Речиси секоја фигура има свои недостатоци и предности. Постојат идеални жени со тело од соништата, но и тие имаат свои недостатоци и предности. Кај нас, глупаво е баба да облече шорцеви. Но постојат шорцеви кои ни младите девојки не можат да ги носат. Исто така, некои жени имаат многу убави нозе и нема потреба да ги кријат, па дури и да имаат 60 години.

https://www.instagram.com/p/B1pDIMhhFIu/

Една од тие жени е и Брижит Макрон која има тенки и затегнати нозе, и би било вистинска штета да не ги покажува. Таа тоа добро го знае, па многу често ја гледаме во кратки здолништа.

Поради професионалните обврски, Макрон е принудена да носи и панталони, но таа секогаш одбира тесни кроеви кои ги нагласуваат нејзините нозе.

Кога Брижит ќе облече здолниште или тесни панталони во јавност, забораваме да ја погледнеме во лица. Дури откако ќе се загледате во неа, ќе сфатите дека жената не е воопшто млада, но првиот впечаток е најсилен.

Па така, доколку сакате да изгледате помладо од вашите 60 години, следете како се облекува Брижит Макрон и не грижете се, сигурно нема да погрешите.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.