Детаљ поради кој обувките изгледаат евтино и кич: Никогаш не купувајте вакви модели!

Внимавајте

Чевлите ќе ви изгледаат поскапо ако се одлучите за модел со нетипична форма на потпетици

За изработка на дизајнерски обувки се користат материјали со висок квалитет и токму затоа таквите обувки изгледаат отмено, но имаат и висока цена.

За среќа, и подостапните брендови знаат трикови со кои некои модели изгледаат поскапо одошто навистина се.

Ако не сакате чевлите или чизмичките да ви изгледаат евтино, се’ што треба да направите е да одбегнувате модели украсени со метални позлатени додатоци, како што се големи копчиња, нитни и синџирчиња, советуваат модните експерти.

https://www.instagram.com/p/B4OpLEnlTIY/?utm_source=ig_embed

Иако е возможно да се направат чевли со метални додатоци што изгледаат добро и скапоцено, ретко кому му успева за пониска цена.

Модните експерти предлагаат наместо тоа да одбирате чевли во неутрални бои и по можност направени  од вистинска кожа.

Чевлите ќе изгледаат поскапи и ако се одлучите за модел со нетипична форма на потпетици, кои се чест избор на луксузните брендови за обувки.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.