Голата фотографија на популарната комичарка собра повеќе од 550.000 лајкови и илјадници коментари (ФОТО)
Немојте да се преправате дека воопшто го читате описот
Актерката и комичарка Селест Барбер се прослави со своите иронични и смешни имитации на совршени, понекогаш нереални, фотографии на познати личности, а речиси секој ден покажува како „обичните“ луѓе би изгледале во апсурдните пози на славните.
За неа Инстаграм е неисцрпен извор на инспирација за нови фотографии, а последно беше инспирирана од разголената фотографија на пејачката Рита Ора.
На фотографијата, Рита носи само ракавици и со рацете ги крие интимните делови од телото. За целите на снимањето, Селест облече сино-жолти нараквици за чистење во бањата, ги покри нејзините интимни делови со рацете колку што можеше и застана пред камерата.
Немојте да се преправате дека воопшто го читате описот“, напиша таа саркастично на Инстаграм, каде што ја следат 7,4 милиони луѓе.
Фотографијата собра повеќе од 550.000 лајкови и илјадници коментари.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм