Сонот и килажата – постои врска!

Зошто осетот за глад е поврзан со неспиењето?

Студии покажаа дека времето што го поминувате во спиење значително влијае на телесната тежина – помалку сон ќе го зголеми бројот на вашата вага

Многумина забележуваат дека по непроспиена ноќ, цел ден не можат да се изборат со апетитот. Нутриционистите потврдуваат дека навистина постои поврзаност помеѓу хроничниот умор и потребата од храна.

Зошто осетот за глад е поврзан со неспиењето?

Лабораториски испитувања покажале дека за тоа се виновни хормоните лептин (го намалува апетитот) и грелин (го зголемува апетитот). Имено, во случај на недостиг од сон се снижува нивото на лептинот и расте концентрацијата на грелинот, што доведува до зголемување на апетитот. На тој начин се надоместува енергијата што во нормални услови ја произведува организмот за време на сонот.

Нутриционистите советуваат:

* потрудете се да не јадете навечер;

* легнувајте секогаш во исто време, пожелно е пред 22 часот;

* спијте во целосен мрак, доколку е потребно – ставете маска на очите;

* не работете ноќе, тоа е голем стрес за организмот;

* и последното, златно правило: колку повеќе сон во текот на ноќта – толку подобро. Спиењето во текот на денот не може да го надомести одморот во текот на ноќта.

Извор: „Руски доктор“

Фото: Pexel, , Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.