За бели заби, сода бикарбона – ДА или НЕ?

Бидете внимателни....

За 10 дена се добива видливо избелување, но можно е да се појави висока сензитивност на забите.

Најраспростанета метода за домашното избелување на забите е со употреба на содабикарбона при четкањето, а некои нови трендови вклучуваат и употреба на морска сол со цел уште поефикасно механичко отстранување на флеките.  Сепак, стоматолозите не го поздравуваат таквиот начин на чистење на забите.

Работата е во тоа што содата ја иритира слузокожата во устата и ја истенчува глеѓта. Покрај тоа, се зголемува осетливоста на забите на ладно, слатко, кисело, врело. Чистењето со морска сол е исто како да ги обработувате забите со турпија. Секако, наслојките и каменецот можеби и можете да ги отстраните, но заедно со нив ќе ги отстраните и микронските слоеви од забната глеѓ. А тоа е веќе вистинска траума за забите, иако во почетокот е сосема незабележлива. Згора на сѐ, предизвикува брз развој на кариес и нанесува многу повеќе штета отколку што мислите.

Во стоматолошките ординации, најефикасна метода за избелување со контролирана употреба на препарати кои се на база на хидроген и ласери. Истите се високо ефикасни, но неопходно е да ви бидат препорачани од стоматолог, бидејќи и овој начин на избелување може да има штетни последици.

Избелувањето на забите со препарати на база на хидроген пероксид се изведува во домашни услови со нанесување на гел во специјално изработени калапи, кои се носат во текот на ноќта.

За 10 дена се добива видливо избелување, но можно е да се појави висока сензитивност на забите.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.