Против воспаленијата на кожата: Пилинг за тело со куркума

Испробајте рецепт

Фото: Getty Images

Куркумата за кратко време стана еден од најпопуларните зачини, но се повеќе се истакнува користа од нејзиното изразено противвоспалително. Куркумата содржи активна состојка – куркумин, која освен што е одлично противвоспалително средство е и моќен антиоксидант.

Додавајте куркума во чај, салати, кашести сокови, главни јадења, но применете ја и надворешно, бидејќи ги ублажува сите воспаленија на кожата, ја прави мазна и затегната, го активира крвотокот, ги отстранува отоците.

Испробајте рецепт за пилинг со куркума

Потребни ви се две лажици талог од кафе, по едно лажиче мелен цимет, морска сол и маслиново масло и половина лажиче куркума.

Сите состојки добро измешајте ги.

Истуширајте се со врела вода и телото исушете го со крпа.

Смесата нанесете ја на телото со масажни движења.

Измијте ја веднаш, во спротивно кожата ќе поприми жолта боја. Практикувајте ја еднаш неделно.

Доколку не сте алергични, во пилингот можете да додадете мед или да го ставите дури и како основа наместо маслото.

Текст: „Руски доктор“

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.