Да се биде хороскопска риба

Поинакви, посуптилни, посебни...

Имагинативни сте и сензитивни, што често е вашата слаба точка, особено кога станува збор за емотивната чувствителност. Верата никогаш не ве напушта – верувате во добрината на луѓето, иднината и во остварување на соништата. Бидејќи не се откажувате од своите соништа, тие и ви се исполнуваат. Емпатијата е вашето второ име, а поради емотивноста често […]

Имагинативни сте и сензитивни, што често е вашата слаба точка, особено кога станува збор за емотивната чувствителност. Верата никогаш не ве
напушта – верувате во добрината на луѓето, иднината и во остварување на соништата. Бидејќи не се откажувате од своите соништа, тие и ви се
исполнуваат. Емпатијата е вашето второ име, а поради емотивноста често го менувате расположението. Доколку се разочарате во некого/нешто, не е исклучено да се повлечете во себе. Иако не спаѓате во амбициозните знаци, често заземате лидерски позиции. Вашиот пристап е поинаков, посуптилен, и способни сте да бидете лидер. Најмногу ви одговараат професиите што ви овозможуваат да се изразите креативно: музика, сликање, книжевност… Како емотивни партнери, пожртвувани сте и подготвени своите потреби да ги ставите на второ место. Поддршката од вашата страна е безусловна, но многу е важно другата страна да не го злоупотреби тоа. Одличен пријател сте – умеете добро да чувате тајни и не осудувате. Едноставно, вие го поседувате она што ви овозможува да ги разберете луѓето, без разлика на сè.

ШТО ИМ НОСИ МЕСЕЦОВ НА РИБИТЕ…

Чувајте се од непроверени информации на работното место! Потрудете се да не бидете премногу критички настроени спрема партнерот, бидејќи тоа може да предизвика судири. Слободните риби ќе евоцираат спомени. Можни се проблеми со дишењето.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.