Во продажба е новиот број на „Руски доктор“: Еве што ќе читате!

Нека ве служи здравјето, почитувани читатели

Не заборавајте – сѐ уште е зима, и покрај тоа што се појавија првите кокичиња и стигна Баба Марта, олицетворението на пролетта. Нека не ве залажуваат сонцето и високите дневни температури, зашто Баба Марта има 300 ума и умее да предизвика временски незгоди кога не е време за тоа.

А токму временските промени се еден од факторите што може да го предизвикаат и разбудат невидливиот непријател – високиот притисок.

Затоа нашите руски соработници, специјалисти, лекари и фитотерпаевти, ви откриваат некои од најдобрите руски препораки како да го одржите притисокот во границите на нормалните вредности.

Патем, честите високи температури што ги имаме зимава им одат во прилог на вирусите, настинките и грипот, па затоа голема популарност (повторно) имаат чаевите и витаминските напивки, како борци против респираторните вирусни инфекции.

Запаметете и дека на нашиот организам му се неопходни и намирници што ќе нѐ загреат и ќе ни обезбедат енергија и витамини.

Вистинско време е да се потсетите на кашите, кои се најефикасни кога се збогатени со зеленчук, овошје и со јаткасти плодови.

Поради големата загаденост на воздухот, а и поради краткиот ден, зимава повеќе време поминуваме во својот дом, но, за жал, и во атмосферата во нашите домови има премногу штетни материи.

Токму поради тоа, својството на собните билки да го чистат воздухот од токсичните загадувања може многу да ни послужи, па затоа ви ги претставуваме најдобрите билки што дејствуваат како ефикасни биофилтри.

Не е лесно и едноставно да се зачува здравјето, но затоа е лесно да се сакаме себеси. А кога човекот се сака себеси – со леснотија прави сѐ што е потребно за да се одржи во добра форма во секој поглед, пред сѐ здравствено.

Во продолжение ви ги претставуваме темите во новиот број на „Руски доктор“:

СОДРЖИНА, март 2020

 5 Да се заштитиме од инфекции во јавниот превоз

6 Тумор на јајник: помагаат тревки

7 Брза помош во случај на забоболка

8 Да го држиме високиот притисок под контрола

16 Чај против грип

18 Келоидни лузни

20 Се бориме со бронхитисот

24 Кај психолог: Мајчина тиранија

25 Игри за развој на детското внимание

26 Спречете ги депресијата и лошото расположение

28 Окоскување на колкот

31 Амазонките од монголските степи

32 Силициумска вода

34 Храна што грее и дава енергија

36 Деликатеси со етерични масла

37 Десет намирници што ја продолжуваат младоста

38 Трбушки: за и против

39 Брусници во шеќер

40 Масленица

42 Трици – нашиот внатрешен „чистач“

44 Зачинска аптека од саксија

46 ИѓиротWублажува болки и грчеви

47 Не фрлајте ја кората од цитрусите!

48 Биофилтри во домот

50 Литотерапија: цитрин и шунгит

Сакајте се себеси и чувајте се!

Ваша Сузана Митревска

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.