Ова е убедливо најемпатичниот хороскопски знак: Мистична душа со развиена интуиција!

Дознајте!

Рибите се воден знак, а водата е елемент на чувство во астрологијата. Тие најдобро функционираат во мирна атмосфера на заемна инспирација, затоа што длабоко ги преживуваат сите негативни влијанија

Рибите се хороскопски знак кој живее во свет на соништа и имагинација, а не се снаоѓа баш најдобро во реалноста. Тие редовно ги забележуваат работите што другите не ги гледаат, но не се фокусираат на деталите, туку на целината. Исто така, имаат бујна имагинација, креативни се и интуитивни.

Владејачката планета на Рибите е Нептун – богот на морето кој е поврзан со потсвеста, соништата и визиите. Рибите најдобро работат во атмосфера на мир и заемна инспирација, бидејќи длабоко ги преживуваат сите негативни влијанија. Тие се изразуваат преку бои, стихови и танцови движења, но честопати и самите не знаат да ги искористат своите способности, туку им треба нечија помош.

Рибите се мистични

Рибите се воден знак, а водата е елемент на чувствата во астрологијата. Значајна е по тоа што има способност да забележи невидливи струи кои ја откриваат состојбата на работите пред тие да се појават.

Рибата е непостојан и променлив знак, исто како Близнаците, Девиците и Стрелците, што значи дека лесно е да ја импресионирате.

Како што спомнавме, владејачка планета им е Нептун, планета поврзана со медиумите, пророците и мистиците.

Рибите се последниот знак и му претходат на Овенот, првиот хороскопски знак. Но тие сакаат да ги сочуваат остатоците од изминатиот циклус за непознатата иднина што интензивно ја чувствуваат. Тие се со едната нога во сегашноста, а со другата во иднината, па отворени се кон визиите за она што може да се случи. Рибите често не знаат дека се видовити, особено ако визиите им се појавуваат во мали дози.

Предвидувачки способности

Рибите можат да сонуваат некои работи што подоцна се остваруваат или им укажуваат на некој важен настан. Многу припадници на овој знак се, всушност, големи пророци. Кај нив, внатрешниот мир е многу важен и ако не го пронајдат, утеха бараат во пороците и така бегаат од реалноста.

Но ако се посветат на себе, можат да постигнат просветлување. Нивното мото е „јас чувствувам“ и се водат според тоа што го претчувствувале (имаат добра интуиција).

Подлабока цел

Рибите учат како да ја применат инспирацијата на повеќе нивоа, која не е земска, па таа инспирација ја преточуваат во уметност. Исто така, кога ќе примат импулси од повисоки нивоа, можат да научат да ја развијат интуицијата, видовитоста и поврзувањето со колективното несвесно.

Рибите ги бришат сите граници на материјалниот и преостанатиот свет, па повторно се поврзуваат со бескрајниот океан на свесноста и универзумот.

Зошто рибите се најсложениот хороскопски знак?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.