Дали се навистина такви? Предрасуди за хороскопските Риби кои всушност се жива вистина

Секој хороскопски знак е придружен со разни предрасуди поврзани со нивното однесување и карактер. Меѓу знаците за кои има најмногу стереотипи се дефинитивно Рибите. Меѓутоа, во нивниот случај, тие предрасуди се всушност точни.

РИБИТЕ СЕ …

… премногу чувствителни

Повеќето Риби прво ќе се обидат да се одбранат од овој стереотип, но на крајот ќе признаат дека нивната чувствителност не е мит, туку жива вистина. Чувствителноста е производ на голема количина емоции што се наоѓаат во нив и поради кои тие сфаќаат сè лично.

… честопати нереални

Никој не знае како толку добро да избега од реалноста како Рибите. Понекогаш тите намерно не сакаат да се соочат со реалноста на ситуацијата во која се наоѓаат, а некогаш едноставно им треба време да се соочат со тоа на свој начин и под свои услови и затоа исчезнуваат во својот замислен свет каде сè е како што треба.

… големи злопамтила

Рибите простуваат брзо, но никогаш не забораваат. Кога мислите дека веќе не се ни сеќаваат со што сте ги повредиле, тие ќе ве потсетат на тоа, најчесто среде некаква расправија или кавга.

… премногу лековерни

Рибите на почетокот секогаш го гледаат само најдоброто кај луѓето. За жал, тоа значи дека не ги приметуваат лошите страни и често тоа ги погодува во главата. Тие ќе ги пуштат луѓето во нивните животи со целосна доверба и без двоумење, не сметајќи дека многумина немаат добри намери.

… доста променливи

Во еден момент Рибите можат да бидат многу вознемирени и бесконечно тажни, а во друг да заборават на сè и повторно да зрачат со среќа. Ваквата промена на расположението може да биде чудна, но запомнете дека во секое време тие се едноставно такви какви што се и не кријат ништо од вас. Кога се среќни – среќни се. Кога се тажни – тажни се.

Прочитајте и: Припадничките на овој хороскопски знак важат за најпервезните во Зодијакот

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.